Category Archives: АКТУЕЛНО

Синоќа урбано дивеење низ Охрид

На кого му пречи епитетот „Најчист град во Македонија„ што Охрид со гордост го носи? Синоќешното дивеење низ улиците во Охрид и уништување на урбаната опрема ги надмина сите граници на цивилизирано однесување и сите прагови на толеранција.

Расчистен патниот правец Охрид-Подмоље

 Екипите на „Охридски Комуналец„ реализираа акција за расчистување на делницата од магистралниот пат Охрид-Скопје од сообраќајната клучка на влезот во Охрид (петља) до с.Подмоље.

Започна засадувањето на зимската цветна реколта

Екипите на „Паркови и зеленило„ започнаа со активности за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта.

Повторно уништена урбана опрема

Вандалски чин повторно резултираше со откорнати корпи за отпадоци во градскиот парк и во близина на плоштадот Крушевска Република.

Отчет за сработеното на Директорот Лупчо Грданоски

Директорот на Ј.П.„Охридски Комуналец„ -Охрид, Лупчо Грданоски денеска даде отчет за сработеното во првата година од својот мандат.

Започна реализацијата на Програмата за зимско одржување

Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови, започнаа подготовките и реализација на  „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”.

Се подига зелен отпад во У.З.Радојца Новичиќ

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ започнаа со акција за подигање на зелен отпад во У.з.14„Радојца Новичиќ„ . Со акцијата е опфатено поширокото подрачје на оваа урбана зедница и заради обемноста акцијата за подигање на   зелениот отпад од уредување на градини и дворови ќе трае и во наредните денови.

Oдбележан патрониот празник на Комуналец

Ј.П.„Охридски Комуналец„ го одбележа својот патронен празник  “7-ми Ноември”. Веќе  66 години успешно се грижи за одржување на јавната чистота и зеленило во градот и прерасна во едно од најдобрите комунални претпријатија во РМ.

Оштетени автоматите за наплата на јавните тоалети

Не престануваат континуираните оштетувања на јавните тоалети поставени во централното градско подрачје. Овој пат насилно се исечени автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад  Т.Ц.АМАМ.

Aкција за подигнување зелен отпад У.З.14 „Радојца Новичиќ„

 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 02.11.2018 год.(петок) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  во У.З.14 „Радојца Новичиќ„ .