Kако сте задоволни
со работата на
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ?
Кажете го вашето мислење,
пофалба или критика
ПЛАЖИТЕ НЕ НИ' СЛУЖАТ САМО ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД
Алармантната сосотојба со водостојот на Охридското Езеро, допринесе и количеството отпад кое го има исфрлено надојдената вода по плажите на охридското крајбрежје да биде енормно. Ј.П."Охридски Комуналец" во рамките на своите проектни активности, изготви Програма за чистење на плажите од цврст отпад по охридското крајбрежје. Истата Програма е доставено во месец февруари 2010 год. до Министерството за транспорт и врски и до Министерството за животна средина и просторно планирање, со која се побарани и финансиски средства за чистење на плажите кои не се издадени под концесија. Повратен одговор се' уште немаме добиено. За моменталната сосотојба на плажите говорат фотографиите:
Јавното претпријатие е спремно и екипирано за на квалитетен начин да ја одржува хигиената на плажите, но претходно треба да се постигне договор со Министерството за транспорт и врски. Иначе во тек е уште една проектна активност со која ќе се третираат плажите на охридското крајбрежје, која се планира да се одржи на крајот од месец март 2010 год., во соработка со локалната самоуправа и школските установи на подрачјето на Општина Охрид.