|
 |
|
|
 |
Kако сте задоволни
со работата на
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ?
Кажете го вашето мислење,
пофалба или критика |
|
|
|
|
| ОД ФЕВРУАРИ СМЕТКИТЕ СО НОВ ДИЗАЈН |
Почнувајќи од 01.02.2010 год. сметките и фактурите кои Ј.П."Охридкси Комуналец" ги дистрибуира до граѓаните и правните лица за услугата подигнување, транспорт и депонирање на отпад, ќе бидат со нов дизајн и нова форма. Имено, Ј.П."Охридкси Комуналец" ќе биде едно од првите комунални претпријатиа во Република Македонија кои сметките ќе ги доставува во заштитена форма (во плико). Во горниот дел од сметката се наведени сите потребни информации за корисникот на услугата и начинот на кој е формирана сметката, додека во долниот дел се наоѓа веќе пополнет вирман во кој се наведени податоците на корисникот и месечниот износ на задолжување. Со овој вирман граѓаните и правните лица, без никакво пополнување, можат да ја исполнат својата обврска за плаќање во најблиската банка, пошта и секако во нашиот наплатен центар во градскиот пазар. Првите сметки и фактури со овој дизајн кои ќе ги добијат граѓаните и правните лица, ќе бидат за месечното задолжение за месец февруари 2010 год.

|
|
| 27 Feb 2010 - 04:16 by Ј.П. Охридски Комуналец |
Актуелно |
|
|