|
 |
|
|
 |
Kако сте задоволни
со работата на
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ?
Кажете го вашето мислење,
пофалба или критика |
|
|
|
|
| ОДБЕЛЕЖАН 62-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ |

Јубилејот на Ј.П."Охридски Комуналец" 62-години од постоењето беше одбележан во х."Ривиера" со презенетација на тековните активности и промоција на Планот за управување со комунален отпад на подрачјето на Општина Охрид. "Во оваа тешка година во која не пратат покачување на цените на суровините, нашиот менаџерски тим постигна максимално позитивни резултати преку намалување на трошоците од аспект на сите ресурси и паролата "Чистотата е гордост на нашиот град" успешно да ја оправдаме"-истакна првиот човек на Ј.П."Охридски Комуналец" г-дин Боро Павлоски
прочитај повеќе |
|
|
|
| ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА ДОЛГОГОДИШНА РАБОТА |

Одбележан "7-ми Ноември" патрониот празник на Ј.П."Охридски Комуналец" со доделување на Благодарници за долгогодишна и успешна работа. На двајца вработени им беа доделени златници за 25.годишна континуирана работа, а на 29 вработени им беа доделени часовници за 10-годишна работа во претпријатието.
прочитај повеќе |
|
|
|
| ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК "7-МИ НОЕМВРИ" |

По повод 7-ми Ноември, патрониот празник на Ј.П."Охридски Комуналец" утре (07.11.2008 год.) во хотел "Ривиера" во 13.00 часот ќе се одржи пригодна свеченост со која ќе се одбележи 62 годишнината од основањето на претпријатието.
прочитај повеќе |
|
|
|
| ПРОДОЛЖУВА КРШЕЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ЧИСТОТА |

И покрај стапувањето во сила на законот за Јавна чистота , сведоци сме на секојдневно кршење на истиот. Ви презентираме слики каде девијантното однесување на поединци го загрозуваат епитетот на Охрид како "македонски бисер"
прочитај повеќе |
|
|
|
| ЗАПОЧНА ПРИМАРНАТА СЕЛЕКЦИЈА ВО М.З."БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ" |

Вчера со еко-хепенинг беше промовиран почетокот на Проектот за примарна селекција во М.З."Билјанини Извори", прв од ваков вид во Република Македонија.
прочитај повеќе |
|
|
|
| "ЕКО ХЕПЕНИНГ" |

Ј.П."Охридски Комуналец" во среда (29.10.2008 год.) организира "еко-хепенинг" со почеток во 12.00 часот пред зградата на Музичкото Училиште со кој ќе се промовира започнувањето на проектот за примарна селекција на отпад во М.З. "Билјанини Извори".
прочитај повеќе |
|
|
|
| ИЗРЕЧЕНИ ГОЛЕМ БРОЈ КАЗНИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА НОВИОТ ЗАКОН |
 На подрчјето на Општина Охрид во изминатиов период по стапувањето на Новиот закон за Јавна Чистота изречени се голем број мандатни казни за непочитување на истиот. Во таа насока и Ј.П."Охридски Комуналец" спроведува кампања "ПРЕПОЗНАТЛИВО ЧИСТ"
прочитај повеќе |
|
|
|
| ЕСЕНСКО ХОРТИКУЛТУРНО СРЕДУВАЊЕ НА ПАРКОВИТЕ |
 Хортикултурно се средуваат парковите во Охрид во овој есенски период. Се средува паркот пред хотел "Милениум" и паркот во "Билјанини Извори": се шиша тревата, се поткаструваат гранките од дрвата, се кројат дрвата, се собира паднатиот лист и.т.н.
прочитај повеќе |
|
|
|
| ПРЕВРТЕНИ КОНТЕЈНЕРИ |
 При одвивњето на тековните активности поврзани со подигнување на сметот и одржување на јавната чистота секојдневно се затекнуваме со проблеми кои тешко се надминуваат и покрај нашите секојдневни интервенции. Имено, контејнерите кои се лоцирани до Амбулантата во населба "Воска", како и во станбениот комплекс Далјан, во повеќе наврати нашите служби ги затекнуваат отпревртени со растурен смет
прочитај повеќе |
|
|
|
| ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВИ КОРПИ |
 Продолжува активноста на Ј.П."Охридски Комуналец" за поставување на нови корпи по јавните пешачки површини во централното градско јадро како и приградските населби. Беа поставени нови корпи на ул."Партизанска", ул."Димитар Влахов", ул."Јане Сандански" и др.
прочитај повеќе |
|
|
|
| ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА "ПРЕПОЗНАТЛИВО ЧИСТ ОХРИД" |

Денеска во просториите на Општина Охрид Ј.П."Охридски Комуналец" на прес-конференција ја промовира новата кампања "ПРЕПОЗНАТЛИВО ЧИСТ ОХРИД". Целата на оваа кампања е подигнување на еколошката свест кај граѓаните и правните субјекти, едукација и информирање со одредбите кој го сочинуваат новиот Закон за јавна чистота
прочитај повеќе |
|
|
|
| СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ КОРПИ ЗА ОТПАДОЦИ |

Службите на Ј.П."Охридски Комуналец" по градската чаршија поставија нови корпи за отпадоци. Со стапувањето на новиот Закон за чистота се казнуваат сите оние кои фрлаат отпадоци по јавните површини . Апелираме до правните субјекти кои својата дејност ја обавуваат во градската чаршија да не ги користат овие корпи за отпадоци
прочитај повеќе |
|
|
|
| СТАПУВА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЧИСТОТА, ОСТАНУВААТ СТАРИТЕ НАВИКИ |

И покрај стапувањето во сила на новиот Закон за јавна чистота со кој се пропишани ригорозни мерки за граѓаните и правните лица кои ја загадуваат животната средина, старите навики остануваат. Нашата Еко-патрола утрово ја затекна оваа слика на ул."Пере Тошев":расфрлан градежен шут околу контејнерите.
прочитај повеќе |
|
|
|
| ЗАЕДНО ЗА ЧИСТА И ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА |

Ј.П."Охридски Комуналец" ќе се вклучи во акцијата "ЗАЕДНО ЗА ЧИСТА И ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА" што ќе се реализира на подрачјето на Општина Охрид по повод стапувањето во сила на Законот за јавна чистота.
прочитај повеќе |
|
|
|
|
|