Со поројните дождови исплива еколошката свест

Поројните дождови кои го зафатија охридскиот регион во изминативе денови и нестабилното време проследено со силен ветер, предизвикаа висок водостој на реките и притоките кои се влеваат во  Охридското Езеро. Но тие со себе донесоа големи количини тешко разградлив отпад (пластични шишиња и друга пластична амбалажа, најлон кеси, картонска амбалажа и др.) кои испливаа на површина од Охридското Езеро како неми сведоци за ниската еколошка свест на населението кое депонира отпад по речните корита.

Нашите служби викендов презедоа вонредни активности за расчистување на крајбрежниот појас и кејот на потегот од пристаништето до Холандскиот Парк. По шеталиштето, езерските води покрај отпад исфрлија и големи количини муљ и трска. Се работи интензивно, и покрај неповолните временски услови и во повеќе тури отпадот е подигнат и транспортиран, а кејот темелно изметен. Со оглед на временските услови, работниците вонреден ангажман на кејот ќе имаат и во наредните денови.

 

 

 

 

Share