Расчистување на остатоците од снежни наноси

И денеска екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжија со интензивни активности за расчистување на јавните површини по обилните снежни врнежи. Остатоците од снежните наноси рачно се расчистуваат од пешачките зони и  се посипуваат со абразивни средства заради превенција од ниските утрински температури.

Машинското товарење на расчистениот снег од чаршијата  ќе се реализира вечерва  после 23.00 часот кога нема голема фреквенција на пешаци.

Расчистувањето ќе се реализира на целата територија на општината, а се одвива етапно според приоритет и фреквентност на движење.

Share