Се расчистуваше манастирскиот комплекс св. Наум

По налог на комуналната инспекција во соработка со “Капетанија” – Охрид, и со локалната самоуправа како организатор на пливачкиот маратон, Ј.П. “Охридски Комуналец” денес изврши чистење на пристаништето во комплексот “св. Наум”, каде беше опфатено сечење на нараснатата алга околу пристаништето, собирање на комунален отпад и кастрење и уредување на врбите покрај плажата. Целиот отпад беше собран и депониран од страна на претпријатието. Во текот на утрешниот ден екипите ќе бидат ангажирани на чистење на патот од с. “Љубаништа”, до влезот во комплексот.

Share