Се организираат средби со претседателите на урбаните заедници

Се организираше средба со претседателите на урбаните заедници “у.з. Стар град, у.з. Центар, у.з. Кошишта, у.з. Билјанини извори и у.з. горна Влашка маала на 28.07.2017 во петок” и со “у.з. Воска, у.з. 8-ми Септември, у.з. Видобишта, у.з. Радојца Новичиќ, у.з. 15-ти Корпус и у.з. Рача на 29.07.2017 во сабота”, кои се директно запознаени со проблемите во урбаните заедници кои ги претставуваат, за чие решавање е Ј.П. “Охридски Комуналец”, со цел истите да бидат тековно решени од страна на претпријатието, во согласност со можностите. Ваквите средби ќе продолжат во наредните денови со останатите урбани и месни заедници.

Share