Се чистеше во О.У. Климент Охридски во нас. Далјан и околните улици

Денес дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” направија акција за расчистување во О.У. “Климент Охридски” во нас. “Далјан”. Се чистеше расфрлан комунален отпад од околните шанкови и се косеше целиот комплекс, како и влезот и дворот пред почетокот на школската година, затоа што во летниот период дел од просторот користи шанк, друг дел се користи како плажа. Дел од екипите продолжија со расчистување и косење на улиците “Сатеска”, “Трајче Трајчески”, “Мичо Гилич” и “Васил Стефоски”.

Share