Реакција на Ј.П. Охридски Комуналец после објавата на OhridNews.com

Од страна на Ј.П. “Охридски Комуналец”, беше извршена интервенција во близина на дискотека “Парк”, при што беше подигнат несоодветно депониран отпад и беше исчистен околниот простор. До кога вака, кога знаеме кои се сторителите? Напоменуваме комуналниот отпад да се депонира во соодветните садови поставени за истиот, а за другиот (кабаст, зелен) отпад да бидеме известени на нашите дежурни телефони за истиот да биде подигнат. Со тоа би се ибегнало создавање на депонии, што претставува грда слика за нашиот град.

Share