Оштетени садници на патеката

Утринава дежурните екипи на Ј.П. “Охридски Комуналец” забележаа повторно оштетување на садниците на патеката од мостот до “Горица”. Овај пат непознати сторители извршиле оштетување на 8 од новите садници кои се од сортата “Каталпа”, со корнење и кршење на истите од непознати причини. Претпријатието го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини и апелира до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите и дрворедите, цветните фигури и цветните расади коишто ги красат парковите и зелените површини, како и да не ја уништуваат урбаната опрема низ парковите.

Share