Од тековните активности на „Охридски комуналец„

Согласно дефинираните активности и динамиката за одржување на јавната чистота и јавното зеленило во приградските населби и селата денес екипите на Јавна хигиена ги расчистуваат јавните површини во с.Подмоље и с.Пештани каде се  се подигна расфрланиот ситен отпад и темелно се метат јавните површини.

Од раните утрински  часови екипите на Јавна хигиена при Ј.П.„Охридски Комуналец„  беа вонредно ангажирани на градскиот кеј,  градското пристаниште и крајбрежниот појас во близина на Холандскиот Парк. Променливото време проследено со силен ветер од јужен правец и големите бранови наталожија големи количини од комунален отпад (остатоци од пластични шишња, најлон кеси, картонска амбалажа и др.), како  и разградлив био отпад (трски, реси и др.) кои се подигнати, а пешачката зона од кејот е темелно изметена.

Ј.П.„Охридски Комуналец„  во текот на утрешниот ден (сабота-22.04.2017 год.) ќе реализира акции за расчистување на појасот околу коловозните ленти од расфрлан комунален отпад на патните правци Охрид-с.Подмоље и Охрид-с.Велестово.

Share