Ќе се одржуваат колегиуми за организација на активностите и решавање на проблемите од страна на претпријатието

Директорот на Ј.П. “Охридски Комуналец” Александар Китески воспоставува пракса на одржување работни колегуми за организација на активностите на работните единици на јавното претпријатие,  како и тековно решавање на проблемите со кои се соочува претпријатието во секојдневното функционирање.

На работните колегиуми присуствуваат сите раководители на сектори и одделенија по работни единици, кои директно се вклучени во извршувањето на тековните активности на претпријатието и се запознаени со проблемите со кои се соочуваат работните единици и притоа се пристапува кон навремено решавање на секојдневните проблеми, како и кон организација и реализација на активностите предвидени во годишната програма за работа.
 
Овие колегиуми ќе се одржуваат секој петок во неделата.
 
Share