Кај Летница засадена Магнолија grandiflora

На местото од кедарот кој беше отстранет од комплексот „Летница„ заради  опасноста по  околните  минувачи и материјалните добра (врз основа на Решение бр.03-696/1  од 20.06.2017 год.) , екипите на „Паркови и зеленило„ засадија ново дрво.

Засадена е магнолија од видот grandiflora. Ова е украсно дрво кое го красат многу епитети: убаво, широко, трајно зелено, со големи елиптични кожести листови и со прекрасни бели цветови. Охридското подрачје се покажа како погодно за успешен раст и отпорност на временските прилики за овој вид на магнолија која ја има на неколку локации во градот.

Share