Издвојуваме од денешните активности

Расчистена е локацијата околу контејнерите на ул „Славеј Планина„ каде несовесни граѓани го деградирале просторот создавајќи дива депонија од натрупан градежен шут,  зелен отпад и комунален отпад. Оваа акција се одвиваше во координација со екипите на „Паркови и зеленило„ кои ги уредуваа зелените појаси во оваа населба.

Од раните утрински часови дежурните служби на „Јавна хигиена„ вонредно го расчистуваа кејот. Силните бранови исфрлија и наталожија големо количество муљ, трска и друг вид отпад посебно во делот околу новото и старото пристаниште.

Изминатиов викенд оспособено е и специјалното возило „метачка„ со кое во есенскиов период многу полесно ќе се одржува хигената на јавните површини и ќе се расчистуваат паднатите лисја.

Share