Исчистени големи депонии предизвикани од несовесните граѓани

Екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец”, вчера и денес беа ангажирани на расчистување на 2 локации, каде што несовесните граѓани од околните куќи и станови имаа депонирано разновиден отпад и имаа направено големи депонии, и покрај апелите од претпријатието да се депонира отпадот на соодветните локации. Едната локација која беше исчистена во текот на вчерашниот ден е на улицата “Ристо Чадо”, каде што екипите расчистуваа отпад расфрлан од околните куќи во нивите покрај патот. Другата локација е на ул. “Карпош Војвода”, кај социјалните згради, каде што самите станари од зградите имаа направено голема депонија во парцела која не е во надлежност на Комуналец, и е приватна сопственост, каде што претпријатието излезе во пресрет на самите граѓани, но само со цел да се подигне еколошката култура и свест. Собрани се големи количини на кеси со отпад фрлени од становите, делови од електрични апарати, обувки и секаков вид на комунален отпад. Повторно апелираме до граѓаните да не го расфрлаат отпадот насекаде, туку да го депонираат на местата предвидени за тоа, каде што се подига отпадот најмалку 2 пати неделно, а има и улици каде што се подига отпадот и секој ден. Што се однесува за кабаст отпад, граѓаните можат да се информираат и благовремено да пријават за подигање на истиот во претпријатието.

Share