Хортикултурно се уредуваат кружните и парковите

Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, деновиве се ангажирани на хортикултурно уредување на парковите покрај кејот и кружните токови на бул. “Туристичка”. Се заменуваат старите садници од сортата “Виола” и се заменуваат со нови садници од сортата “Лепи Јово” и “Џунџуле”. Друг дел од екипите се ангажирани на косење на тревата во парковите, и се започна со наводнување на истите во раните утрински часови.

Share