Хортикултурно се уредува новата пешачка патека покрај каналот Студенчишта

Деновиве екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” се ангажирани на хортикултурно уредување на новата пешачка патека покрај каналот “Студенчишта”. Засадени се 400 трендафили, направена е тревна површина, засадени се зимзелени садници и дополнат е дрворедот со албиции и брези.

Share