Цветно уредување на парковите во есенско-зимскиот период

Со засадување на сезонските цвеќа од видот виола (очиња) започна цветното уредување на парковските решенија, кружните текови и другите зелени површини во престојниот есенски и зимски период.

Денеска цветните насади се засадуваа кај пешачката патека покрај каналот Студенчишта.

 

Благодарение на издржливоста на пониски температури овој вид на цвеќе ќе ги освежува парковите и во зимскиот период, а ќе се засадат 50.000 садници очиња од сопствено производство.

Share