Богат асортиман на цветен материјал во Расадникот

И оваа сезона во расадникот на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” се произведени голем број на садници од најразновиден цветен материјал. Со садниците се разубавуваат јавните зелени површини, а исто така нудиме широка понуда и за граѓаните и правните субјекти. Од богатиот асортиман го издвојуваме сега актуелното сезонско цвеќе од видовите петунија (обична и висечка), тагетес (џунџуле), салвиа (жарче), целосиа (петлов гребен), импатиенс (лепи јово), агератум, винка и циниа. Заинтересираните граѓани можат да го посетат Расадникот лоциран во близина на “Хидробиолошки Завод” каде ќе се запознаат со целиот саден асортиман со кој располагаме.

Share