Уредување на локалниот пат од 15ти Корпус спрема с. Велгошти

Денес екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” покрај редовните активности, по барање на комуналната инспекција и на граѓаните, беа ангажирани на уредување на локалниот пат на потегот од ул. “15ти Корпус” до с.”Велгошти”, при што беше искосена тревата покрај патот и беа исечени гранките и трњето кои ја попречуваа прегледноста на возачите.

FotorCreated FotorCreated1

Share