Нови корпи за отпад во стариот дел на градот

Денес екипите на”Ј.П. Охридски Комуналец ” ги заменаа старите и поставија 12 нови корпи за отпад во стариот дел на градот. Корпите беа поставени на потегот од црквата “св. Никола Геракомија”, на паркингот кај “Балкански фестивал”, по ул. “Илинденска” и кај “Самуиловата тврдина”.

FotorCreated FotorCreated1

Покрај другите активности, во вчерашниот ден екипите на “Јавна хигиена” беа ангажирани на расчистување на патот за с. “Велестово”, на потегот од бензинската на “Макпетрол” кај “Бијланини извори”, до с. “Велестово”, иако истиот тој потег не е во надлежност на претпријатието.

Денес како припомош на охридскиот пливачки маратон е предвидено чистење на патот од с. “Љубаништа” до “св. Наум”, исто и на стартот и целта на маратонот.

Share