Се расчистува с.Пештани

По машинското расчистување на наносите од земја, песок и одрони во с.Пештани, од денес Ј.П.„Охридски Комуналец„ започна со темелно расчистување на јавните површини и плажата во оваа туристичка населба.

pestani

Поради големите количини од земјени наноси акцијата ќе се реализира и во наредните два дена. Рачно со шпакли се одстранува земјата од централните улици и пешачки патеки, а потоа јавните површини се метат. Силните врнежи по своето течение донесоа со себе и големи количини од тешко разградлив отпад (пластични шишиња, најлон кеси и др.комунален отпад) кои испливаа по крајбрежниот појас во с.Пештани, па затоа со акцијата темелно ќе се расчисти и плажата.   

Share