Од активностите на „Охридски комуналец„ …

Во рамките на активностите кои ги реализира локалната самоуправа за изградба на пешачката патека од каналот Студенчишта до Горица, нашето претпријатие ги започна активностите за хортикултурно уредување на бетонските жардињери кои се поставени на овој потег (вкупно 7 жардињери). Истите се исполнети со плодна земја, поставен е систем за наводнување, се засадуваат листопадни дрвја од видот „каталпа„ , се формираат цветни леи од сезонско цвеќе  и се засадуваат декоративни зимзелени грмушки.

pateka

Повторно е забележано уништување на засадените палми во скејт-паркот каде насилници се обиделе да откорнат една од палмите. Пред два дена на истата локација една палма беше откорната и фрлена во близина.

DSCN01011

На ул.„Димитар Влахов„ етапно продолжуваат активностите за естетското уредување на постоечкиот дрворед од лигуструми ( во правец кон ул.„Македонски просветители„) : се поставува украсна ограда, систем за наводнување, а просторот околу лигуструмите хортикултурно се уредува.

vlahov

Во рамките на годишната програма за одржување на јавното зеленило и јавната чистота, се уредува ул.„Ристо Чадо„ каде тревниот дел покрај коловозот се коси, улицата темелно се мети и се расчистува расфрланиот отпад. 

ristocado

Share