Комуналец се вклучува во акцијата „Македонија без отпад 2015„

Ј.П.„Охридски Комуналец„ се вклучува во реализацијата на националната акција за чистење „Македонија без отпад 2015„ која ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата Ајде Македонија.

  Во рамките на оваа акција на 03.10.2015 год. (сабота) ќе се спроведе расчистување на просторот околу магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од с.Подмоље до сообраќајната клучка на влезот во Охрид каде Ј.П.„Охридски Комуналец„ ќе ангажра 6 комунални работници и ќе се подигне собраниот отпад.    

Share