Се расчистува речното корито на Сушица

Заради предвидените активности на локалната самоурава за санирање на речното корито на река Сушица вдолж ул.„Радојца Новичиќ„ со кои речното корито ќе се ѕида и продлабочи, Ј.П.„Охридски Комуналец„ веќе две недели спроведува акција за претходно  расчистување на теренот. Со ангажирање на специјална комбинирана машина, речното корито се продлабочува , а натрупаниот отпад (пластичен отпад, чакал, наноси од земја и гранки) се транспортира. Екипите на „Паркови и зеленило„рачно го расчистуваат теренот околу речното корито со отстранување на бујната вегетација, трње и гранки.

 Fotor0905142922

Овие активности кои се реализираат по налог на општинскиот инспекторат, планирано е  да завршат на целиот потег  до средина на месец септември.

Share